Secudrain®

е тродимензионален композитен производ, што се состои од неткаени геотекстили со одводна средина и цврсто прикачен филтер за примени во одводнување.

Secudrain® е мултифункционален

Secudrain® се користи исклучиво за одвод на вода или гас во разни примени. Во инженерство на депонии, Secudrain® има три функции одеднаш (филтрирање, заштита и одводнување) кога е монтиран директно над геомембрана. Способноста на Secudrain® пасивно да го ослободува водниот притисок го прави идеален за одводнување над закопани конструкции и за примени во одводни ленти на рабови на патишта. Геотекстилите со филтер и одводна средина може ефикасно да се димензионираат за да го исполнат потребниот одводен капацитет. Secudrain® исто така успешно се користи како одводен слој при изградба на згради, тунели и кровови.

Предности на Secudrain®

- филтрирање, заштита и одвод во еден производ
- одлични својства на проток во рамнина
- долгорочна хидраулична перформанса
- заменува природен одводен агрегат
- многу висока отпорност од лазење
- отпорен на хемиска и биолошка деградација
- совршено подобен за примени во стрмни косини поради многу добрите својства на смолкнување
- робустен против условите на лице место
- брза и економична монтажа
- највисоки стандарди за контрола на квалитет
- Сертифициран со ISO 9001
- Означен со CE

Secudrain® е безбеден

Secudrain® е соодветно димензиониран издржлив и робустен; лесно се справува со механички оптоварувања. Отпорен е на сите природно настанати хемиски и биолошки фактори во земјата.

Долгорочната ефикасност на филтерот на неткаените материјали пробушени со игла овозможуваат безбедно проектирање на пасивно одводнување и, на тој начин, обезбедува долг век на системот. Употребата на неткаените материјали пробушени со игла на висок контактен агол на фрикција, е особено важна при стрмни косини. Регуларното спојување помеѓу геотекстилот и одводната средина обезбедува пренесување на силите на смолкнување преку системот на Secudrain®.

Secudrain® е економичен

Бидејќи филтерскиот, одводниот и заштитниот слој се една единица, Secudrain® може брзо да се монтира. Употребата на Secudrain® во земјани работи бара помалку ископување на материјал на лице место и, во случај на заштитен покрив на депонија, зголемен е волуменот на ограничување. Со употреба на Secudrain® заштедувате време и природни ресурси бидејќи 10,000m² од Secudrain® системот може да го замени ископувањето, транспортот и монтажата на приближно 3,000m³ грануларен одводен материјал. Secudrain® ги намалува вашите трошоци во однос на конвенционалните методи.

Secudrain® е едноставен

Еден или двајца луѓе може да ги носат и одмотаат лесните ролни Secudrain® без проблем и може да се монтира при повеќето временски прилики. Комплицираните поврзувања се лесни со Secudrain® и веднаш се вклопува во контурите на работното место.

Заклучок:

Secudrain® се издвојува поради својата сестраност. Монтажата е едноставна и лесна. Secudrain® е крајно отпорен на еколошките фактори и неговата употреба ги зачувува природните ресурси.

Македонски